Захариева: Илинденското востание е бугарско

АКЦИЈА
loading...

Бугарската министерка за надворешни работи, Екатерина Захариева, одговори на повиците на претседателката на бугарската опозициска партија БСП, Корнелија Нинова, која побара од премиерот Бојко Борисов да реагира на изјавата на македонскиот премиер Зоран Заев во која тој вели дека Илинденското востание е македонско.

„Во врска со прозивките на Нинова до премиерот итно да ги одбрани бугарските национални интереси од премиерот на Македонија, Зоран Заев, кој ги тестираше кревките темели на доброто соседство. Да, Илинденското востание географски може да се рече дека е македонско и тракијско, но историски е бугарско. Госпоѓо Нинова бидете мирни, Владата ги штити нашите национални интереси“- вели таа.

Захариева возврати дека нема да прифати совети од партијата која ги предаде коските на Гоце Делчев на Титова Југославија.

loading...