ВМРО-ДПМНЕ: Шекеринска ќе одговара по членот 353 од Кривичниот законик!

АКЦИЈА
loading...

„Овој член од Кривичниот законик е оној по кој што кога ќе се врати правната држава, а судството ќе се ослободи од стегите на кланот, криминалците на власт ќе бидат гонети за поделените стотици милиони евра во партиските компании.

Радмила Шекеринска според членот 353 од КЗ на РМ ќе одговара како министер за одбрана од набавките на мазут од компанија која не ги исполнува условите, набавка на автомобили од партиски спонзор-компании за милионски суми евра, а ќе се преиспитуваат и набавките на бадеми, лешници, морски плодови и торти за десетици илјади евра, потоа евентуалната злоупотреба на армиски летала, до делење на грантови на нејзини блиски сомнителни партиски организации скриени под плаштот на граѓански здруженија”, пишува во соопштението од опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

Оттаму ја обвинуваат министерката за одбрана дека таа, но и целата власт „се обидува да ја заобиколи вистината и што повеќе да излаже сѐ со цел манипулација со јавноста заради капитулантскиот договор со Република Грција во кој што гледаат спас од правото и правдата”.

loading...