Ванковска за последното интервју на Шекеринска (ВИДЕО)

АКЦИЈА
loading...

Уште едно скандалозно интервју во кое новинарот божем поставува незгодни прашања, а всушност ѝ дозволува на соговорничката да си ја тера својата мантра. На пример, некаде околу 4-та минута Шекеринска вели дека ВМРО го сменил законот за референдум (по референдумот од 2004-та) и бесрамно лаже.

Да беше новинарот подготвен ќе знаеше дека законот беше сменет од СДСМ и ДУИ во 2005 година! Но, дури и тоа не е одговор на тезата дека „некои прашања не заслужуваат одговор“ – бидејќи законот гарантира слобода на убедување, вклучително и правото да апстинира/бојкотира!

Потоа, во првиот дел зборува за злоупотребите на власта од ВМРО-ДПМНЕ, а потоа ни збор за нивните злоупотреби и заштита на функционери со принцип на неказнивост.
Со еден збор, Марија Антоанета во сиот сјај!

loading...