Се очекуваат температури какви што немало над милион години

АКЦИЈА
loading...

Имено, според извештајот објавен во списанието Зборник на Националната академија на науките (ПНАС), дури и ако сите земји во светот би се придржувале на Парискиот договор за ограничување на емисиите на стакленичките гасови, постои голема опасност Земјата да влезе во услови кои климатолозите ги нарекуваат „Земја стакленик“.

10 клучни повратни спреги

Авторите во студијата идентификувале десет процеси кои би можеле да имаат домино ефект и да делуваат по принципот на повратна спрега, така што растот на температурата повеќе нема да зависи само од човечките емисии на CO2. Во таа група спаѓаат топењето на вечниот мраз, ослободување на метан хидрат од океанското дно, слабеење на копнените и морските одводи на CO2, пораст на активноста на бактериите во океаните, изумирање на амазонските прашуми, исчезнување на зимзелените шуми, намалување на снежната покривка на северната хемисфера, исчезнувањето на арктичкиот мраз во летните месеци и намалување на антарктичките морски и копнени ледени плочи.

На пример, топењето на вечниот мраз од тлото ќе ослободи големи количини на метан, кој е многу помоќен стакленички гас од CO2. Ова пак ќе предизвика зајакнување на ефектот на стакленик, дополнително зголемување на температурата и понатамошно топење и други повратни спреги.

Некои од овие процеси исто така имаат елементи кои чинат за по одреден праг, од поволни нагло да се претворат во неповолни и наместо да ги амортизираат емисиите на CO2 апсорбирајќи ги, во потопол свет стануваат нивни големи, неконтролирани извори.

Имено, научниците предвидуваат дека океаните, кои моментално апсорбираат топлина и CO2 и делуваат како нивни одводи и магацини, во еден момент одеднаш ќе почнат да испуштаат стакленички гасови. Слично важи и за копното и за шумите кои моментално годишно апсорбираат околу 4,5 милијарди тони СО2.

Според новата студија, тоа би можело да почне да се случува веќе при температури од околу 2°C поголеми од пред-индустриските. Тие во моментов се повеќе 1,1°C, а Парискиот договор нивниот понатамошен пораст настојува да го ограничи на околу 1,5 до 2°C. Досега 2°C воглавно се сметаше за праг по кој климатските промени би можеле да станат катастрофални и неповратни. Но, колку повеќе се доближуваме до тој праг, толку е поголема веројатноста дека нашите природни сојузници ќе почнат да испуштаат повеќе CO2 отколку што во моментов ги апсорбираат.

Најтопло во последните 1,2 милиони години

Авторите предвидуваат дека температурите со текот на времето би можеле да се стабилизираат на некој глобален просек кој ќе биде 4-5°C повисок од пред-индустрискиот, а нивото на морето би можело да се зголеми за околу 10 до 60 метри.

„Преминот на прагот би водело кон многу повисоки просечни температури од било кои меѓуглацијални во последните 1,2 милиони години и до значително повисоки нивоа на морињата отколку што некогаш биле во холоценот“, пишуваат авторите во воведот.

„Ако се надмине прагот, добиената траекторија веројатно би предизвикала сериозни нарушувања на екосистемот, општеството и економијата. Потребна е колективна човекова акција за Земјините системи да се насочат далеку од потенцијалниот праг и да се стабилизираат во погодна меѓуглацијална состојба. Таквата акција подразбира управување со целиот Земјин систем –биосферата, климата и општествата – а би можела да вклучува декарбонизација на глобалната економија, подобрување на одводнувањето на јаглеродот во биосферата, промени во однесувањето, технолошки иновации, нови управувачки структури и трансформација на општествените вредности“, предупредуваат авторите.

Некои експерти предвидуваат дека во свет потопол за околу 4°C би можеле да живеат околу десетина од денешниот број на населението.

Потребна е итна и заедничка акција

Ханс Јоаким Шелнубер, директор на Институтот за истражување на климатските влијаниа во Потсдам, вели дека последиците од глобалното затоплување по одреден праг би можеле да предизвикаат брзи и неповратни промени.

„Оваа каскада на настани би можела целиот систем на Земјата да го доведе во нов модус на функционирање. Ние се уште не знаеме дали климатскиот систем може сигурно да се паркира во близина на 2°C над пред-индустриските нивоа, како што предвидува Парискиот договор. Или откако еднаш ќе го дотераме толку далеку, ќе се стрмоглави и ќе се претвори Земја стакленик. Истражувањата мора да ги проценат овие ризици, што е можно поскоро“, рече Шелнубер.

Во разбирањето на сценаријата на климатските промени треба да се има на ум дека некои природни изумирања, како Големото изумирање на преод од перма во тријас, во кое изумреле повеќе од 96% од сите морски видови и 70% од копнените ‘рбетници, се случила при порастот на температура за 8°C . Исто така треба да се знае дека порастот на просечната температура за наведените 5°C подразбира дека повеќето температурни промени веројатно ќе се одвиваат во мал дел од годината, кога тие можат да бидат значително поголеми!

loading...