Колку гласачи се запишани во Избирачкиот список? (ВИДЕО)

АКЦИЈА

Доколку Избирачкиот список не претрпи позначајни измени, за успешен рефрендум на гласање треба да излезат 903.000 граѓани.Од денеска граѓаните ќе може да направат увид во Избирачкиот список.

1.805.707 гласачи се запишани во Избирачкиот спсок кој од денеска е ставен на увид на јавноста. Истовремено започна и пријавувањето на граѓаните од дијаспората. 23 иселеници досега се прјавиле дека ќе гласаат на рефендумот закажан за 30ти септември.

Од ДИК се оградуваат од неправилностите кои и натаму ги има во избирачкиот список. Велат немаат право да бришаат спорни гласачи и оти податоците ги добиваат од надлежните институции – МВР, матичната служба и општинските судови. Граѓаните како што велат од ДИК треба лично да пријават промена на личните податоци или неправилности.

Увидот во Избирачкиот список ќе трае до 23 август на полноќ. Освен онлајн, проверка на податоците граѓаните ќе можат да направат и во подрачните единици на ДИК.

loading...