Кој го смени законот за референдум?

АКЦИЈА

На вчерашното интервју за Канал 5 Телевизија таа изјави дека ВМРО-ДПМНЕ го измени Законот за референдум, но вистината е поинаква, затоа што Законот беше изменет во септември 2005 година кога на власт беше владата на СДСМ и ДУИ.

Имено, Шекеринска сакајќи да го оправда бојкотот на СДСМ на референдумот во 2004 година, во интервјуто вели дека со нивниот став се согласиле сите политички партии, па дури и ВМРО-ДПМНЕ кога неколку години подоцна го измениле Законот за референдум каде стои одредба дека за прашањата по Бадентер не може да се распише референдум.

Фактите говорат нешто друго, Законот за референдум, не беше изменет неколку години после референдумот од 2004 година, туку само една година односно во 2005 година кога се уште на власт беше СДСМ, а токму Радмила Шекеринска беше вицепремиер во владата, задолжена за европски интеграции.

Додека пак, ВМРО-ДПМНЕ и тогаш се противеше на ставањето на Бадентер пред референдумот, сметајќи дека таквата одредба е противуставна и истата им го одзема правото на граѓаните да ја проценуваат работата на пратениците.

Реагираше и професорката Билјана Ванковска која на својот Фејсбук интервјуто го оцени за скандалозно, а новинарот дека не бил доволно подготвен за истото.

– Некаде околу 4-та минута Шекеринска вели дека ВМРО го сменил законот за референдум (по референдумот од 2004-та). Да беше новинарот подготвен ќе знаеше дека законот беше сменет од СДСМ и ДУИ во 2005 година, истакна професорката Ванковска.

Шекеринска повторно фатена во лага, Законот за референдум го измени владата на СДСМ во 2005 година

Шекеринска повторно фатена во лага, Законот за референдум го измени владата на СДСМ во 2005 година

Публикувахте от Република online в Четвъртък, 9 август 2018 г.

Преземено од инфомакс.мк

loading...