Харадинај: Границите не се поместуваат со зборови, туку …

АКЦИЈА
loading...

„Денешната реалност е епилог на војни. Отворање на темата граници за мене е неприфатлива“, рече Харадинај во Валона во Албанија, каде е во официјална посета, пренесе коха.нет.

Тој рече дека Белград има една реторика, а Приштина друга „но, границите не се поместуваат со зборови“.

Рамуш Харадинај, на вчерашната прес-конференција по седницата на Владата, на прашањето да ги прокоментира изјавите на претседателот на Косово Хашим Тачи за корекцијата на границата меѓу Косово и Србија, изјави дека „границите на Косово се утврдени со војна, и само со војна можат да се поместат“.

„Кој мисли дека границите поинаку се менуваат, тој греши“, рече Харадинај.

Тој додаде дека она што „преостанало меѓу Косово и Србија е реципрочно признавање во рамки на сегашните граници“.

Запрашан за изјавата на премиерот Харадинај дека границата може да се менува само со војна, претседателот на Косово, Хашим Тачи на денешната прес-конференција рече дека „времето на војната е завршено“, и дека корекција на границата може да се случи „ако постои взаемна согласност“.

На прашањето зошто сега поддржува корекција на границата, а пред неколку месеци беше експлицитно против тоа, Тачи рече дека во меѓувреме се појавило барање на политичките лидери на Прешевската долина за тоа.

loading...