Еспресо 30, макијато 40 денари, поминете си супер одмор за малку пари

АКЦИЈА

Езерскиот туризам во Македонија е во подем, а годинава се очекува да се срушат сите рекорди по бројот на гости и ноќевања. Во моментов на Охридското, Преспанското и Дојранското Езеро има гости како домашни така и странски не само од регионот туку и од земјите на ЕУ, и покрај тоа што временските услови не се баш поволни.

Летното време, новите модерни плажи исполнети со разни реквизити, но и големиот број на музички и културни манифестации му дадоа годинава посебен шмек на македонскиот туризам.

Агенцијата за промоција на туризмот очекува годинава да се надмине ланската бројка на странски и домашни гости и таа да достигне вкупно над милион домашни и странски туристи.

Грчката криза исто така допринесе да се зголеми бројот на туристиите во земјава, особено по бранот поскапувања на храната, превозот и сместувањата заради зголемениот ДДВ од 13 на 23 %. За дел од македонските граѓани токму тоа беше пресудно да се одлучат летните одмори да ги поминат во земјава.

На Преспанскиот брег има гости, Најпосетени се плажите во Претор, Стење, потоа така наречената Сливничка плажа и секогаш актуелната Долно Дупени бич која важи за најголема песочна плажа во Македонија и една од најубавите плажи на Преспанското Езеро.

Гостите на оваа плажа уживаат во бистра вода, ситен песок, а од таму може да се посети и Островот на змиите од каде се стигнува за час и половина.

И годинава цените во приватното сместување се како ланските, при што во собите годинава по лице се наплатува од 250 до 350 денари за кревет. Воедно може да се напиете еспресо за 30 денари, и мало макијато 40 денари, одлична услуга и прекрасна храна во ресторани.

loading...