Шекеринска: Верувам дека дел од пратениците на ВМРО-ДПМНЕ ќе гласаат за уставни промени

АКЦИЈА
loading...

Деведесет отсто од времето на лидерските средби било потрошено на барањето на ВМРО-ДПМНЕ за амнестија, тврди вицепремиерката и министерка за одбрана Радмила Шекеринска во интервју за телевизијат „Канал 5“.

Не преку чин на амнестија, додава таа, туку според неа, преку измена на членот 353 од Кривичниот закон, а мал обид наводно имало и преку измена на Законот за финансирање на политичките партии.

„Јавноста ја заслужува вистината. Мицкоски не можеше директно да ве лаже, туку само ја заобиколи вистината. Единствениот интерес на таа маса беше да се промени Кривичниот закон за да паднат клучните обвиненија против поранешни функционери на ВМРО-ДПМНЕ. Рековме дека нема да дозволиме со референдумот да бидеме уценети за амнестија. Членот 353 немаше да го дискутираме ВМРО-ДПМНЕ да не бараше амнестија“, рече Шекеринска.

Верува дека референдумот ќе успее и дека за уставните измени потоа ќе ја имаат поддршката на дел од пратеничката група на ВМРО- ДПМНЕ.

„Очекуваме од секој пратеник да донесе одлука добра за државата. Веруваме дека мнозинството граѓани ќе се изјаснат за Македонија како членка на ЕУ и НАТО, дека ќе порачаат до избраните пратениците дека тоа е иднината, и дека голем дел од пратениците на ВМРО-ДПМНЕ верува дека Македонија може да биде подобро место на живеење на тој начин, не со изолација, поделби, стравувања“, додаде министерката.

Нетпрес

loading...