Година и кусур имаат апсолутна власт, имаа(т) „бомби“, имаа(т) СЈО, и баш сега притвор за Јакимовски?

АКЦИЈА
loading...

Реакција на професорката Билјана Ванковска по повод прогонот на Јакимовски во вака клучен момент:

Имаа „бомби“, имаа(т) СЈО, имаат апсолутна власт подолго од година дена, и токму сега – среде скандалозни милионски афери, тендери, судир на интереси и субвенции (џипот им го простувам) – тие бараат притвор за Стевче Јакимовски, кој им беше и остана достапен сиот овој период. Но, тој отвори уста за референдумот, а на овие им треба де-фокус, па ајде ќе апсиме.

Мислам дека го потценуваат граѓанинот, гледа тој и сфаќа за што се апси, а што се толерира и остава без санкција. Тоа со она момчето од Агенција за млади и за директорот на Јавна безбедност е само фрлање прашина в очи.

На времето, професорот Војин Димитријевиќ објави извонредна книга со наслов „Страховлада“ – треба да се прочита одново, бидејќи овие владеат без легитимитет, ами со гола или прикриена репресија, изграње на картата на стравот (fearmongering) и со медиумска пропаганда, напиша професорката Билјана Ванковска на незјиниот Фејсбук профил.

 

loading...