Документ стар 115 години: Како албанскиот терор го испразни селото Росоки

АКЦИЈА
loading...

 

Пишува: Блаже Миневски

„Нашето село од 100 куќи со 150 мажи од 10 години наваму е смалено на 50 куќи и 30 мажи од следните причини: Бекир Тршан од Дебар, којшто демек имал за земање 35 турски лири од селото, во продолжение на 15 години не јавил никому дека има за земење таква сума. По 15 години се појавува во селото со некаков запис од 35 турски лири и, како си пресметал една безаконска лихва, ни побара 1000 турски лири, а за да не можеме да и јавиме на Владата за неговите барања, зел со себе 15 души Арнаути, сите вооружени и, по негова заповед, дружината бараше секој селанец да им даде по 10 лири а тој што ќе нема да плати му правеа запис; од сто куќи можеа да дадат само пет, а 95 -те ги натераа со тепање да му дадат 95 записи по 10 туртски лири, и секој со годишна камата од 45 %. Жалосниоте селани – сите на печалба во туѓина заминаа, по 4-5 години да седат таму, да работат, да гладуваат, за да се исплатат на Бекир.

Кој можеше да спечали, се исплати во продолжение од 5-6 години, а кој не можеше остана, кој каде се наоѓаше, така што ги оставија и куќите и фамилиите. Ако некој селанец дојде во својот дом треба да плати за 10-те лири 60-70 лири. А сега колку селани што сме останале злосторникот сака секој од нас да му плати и за побегнатите; кога ги гледа во селото мажите, не запалашува и јаде бесплатно со 10-15 души разбојници; собира по некоја лира по најбезбожен начин, и се враќа дома, а по неколку недели пак доаѓа.

И не е само тој. Алмил Даџ од Дебар, собрал по истиот начин 50 лири. Досега има собрано повеќе од 900 лири и бара повеќе од 500 лири. И Оломан Тузлук, исто така од Дебар, собрал по истиот начин повеќе од 300 турски лири и бара уште 300 лири. И Мурат Мула-Бекир од истиот град собрал 200 турски лири и бара повеќе од 150 лири. Сите доажаат во селото со 10-15 Арнаути да ги собираат по безбожен начин безаконските свои барања, поради која што причина селаните се разбегаа повеќе од половината, и селото наше е речиси испадено; по истите причини не е можно да ги исплаќаат на време царските даноци и повеќе од 400 турски лири се останати досега неплатени на Реканскиот санџак. Кога го јавуваме горното, миолиме да се уништат безаконските записи кај гореспомнатите лица та да можат разбеганите селани да се приберат во своите куќи“, пишува во записот на селаните од Росоки до рускиот генерален конзул во Солун.

Многу повеќе за албанскиот терор во Западна Македонија во периодот од 1900 до 1904 година, како и за убиствата, грабежите и зулумите за да се протераат Македонците, прочитајте на Денешен.мк.

loading...