И сега, што правиме со иселениците? Да се враќаат? Да не се враќаат? Ги сакаме, ги мразиме? Или зависи како ќе гласаат?

АКЦИЈА
loading...

Пишува: Билјана Ванковска

Толку „какање“ (простете на израз, ама сега реферирам на оригинален ФБ пост) за/на иселениците, и тоа од оние кои до вчера ронеа крокодилски солзи, па редеа чевли пред влада, го колнеа Груевски што ги избркал – никако да разберам! Решете се, ги сакате или не? Да се враќаат или не? Или зависи од тоа како ќе гласаат (на референдум и на избори)?

Луѓево како да се оперирани од чувство за историчност, контекст, па забораваат дека печалбарството е нашата традиционална мака! Најубавите песни се испеани, драми и романи напишани за иселениците! И ете, сега ги навредуваат оние кои заминале, па уште и се покажале способни и конкуретни, ама ете ги болело за Македонија (и многу „какале“!).

Жална Македонија! Те водат лажни пророци, неписмени, корумпирани и неспособни – а оние најдобрите и најумните што заминаа (не за пари, туку за самоафирмација и вооружени со УМ, талент и упорност) овде ги плукаат како отпадници! За овие овдешниве „прогресивци“, и Мисирков, и Прличев, и Вапцаров – веројатно „какале“ затоа што ја сакале Македонија.

И конечно, кога сме кај „какањето“, зарем не гледате дека овие овде ви се „покакаа“ на идеалите на ШР? Ве испоганија, ве злоупотребија, ве отфрлија или ставија во погон на одвратна пропагандна машинерија! Иселениците, всушност, имаат поголема слобода на мисла и говор од вас, папагали и опортунисти! Тие се оствариле како личности, научници, уметници не заради партиски и семејни влијанија, и живеат во земји во кои слободата на мисла и говор им дозволува да бидат и Македонци, и да бидат демократи, па да критикуваат и (тамошна) власт, НАТО, ЕУ, „све по списку“.

loading...