Левица ќе бара поништување на одлуката за референдум пред Уставниот суд

АКЦИЈА
loading...

Политичката партија Левица најави дека ќе поднесе иницијатива до Уставниот суд, со која се бара поништување на Одлуката за распишување на референдум донесена од страна на Собранието.

„Нашиот Правен сектор смета дека постојат сериозни формалноправни и материјалноправни причини за оспорување на наведената одлука како противуставна и противзаконита, бидејќи истата не е во согласност со Уставот на РМ, Законот за референдум и другите облици на непосредно изјаснување на граѓаните, како и со воспоставените европски стандарди и добри референдумски практики утврдени од страна на Венецијанската комисија“, се вели во најавата на Левица.

Од партијата додаваат дека подетални наводи од содржината на претставката ќе бидат објаснети утре на прес-конференција.

За потсетување, Апасиев – член на президиумот на Левица, уште истиот ден кога беше распишан референдумот, порача дека прашањето ќе падне на Уставен.

Иницијатива за поништување на одлуката за референдум до Уставен поднесе и Тодор Петров т.е. Светскиот Македонски Конгрес, веќе на 31 јули, само ден по распишувањето на референдумот.

Поднесена иницијатива до Уставен за поништување на одлуката за распишување референдум

loading...