Драги СДСМ, пошто уште не ви е јасно зошто 10 години имавте рејтинг под 10% и зошто сега ве изгласавме, да ви објаснам

АКЦИЈА
loading...

Пишува Горан Лазаревски, кого го опишуваат како „дечкичот што секогаш кога имаше можност ќе излезеше на протест, дечкичот што пењавеше против груевизмот (+дуевизмот), дечкото што секогаш стои на страната на правдата. Бујрум:

И покрај целата медиумска машинерија на располагање, извесно е дека референдумот ќе биде невидено (односно веч видено) фијаско за СДСМ во септември. Успех на референдумот е можен само доколку Македонецот свесно реши да го проголта своето национално достоиннство прифаќајки го понижувачкиот договор од Преспа. Со други зборови, од Македонците се бара да се „еманципираат„ од својот национален идентитет за да еден ден (можеби) постанат европејци.

Самиот факт што СДСМ (бар до Натофест) искрено веруваше дека ваква уцена може да помине на референдум, говори дека нивното водство се уште не го разбира својот електорат ниту пак причините зошто 10 години имаше рејтинг под 10% и како успеа најпосле (едвај!) да се добере до власт.
Да им помогнеме: Драг СДСМ, Груевски 10 години беше апсолутна власт затоа што благодарение на ветото во Букурешт успеа да ги наметне идентитетските прашања како тема број 1 во јавниот дискурс кој тој во голема мера го контролираше. Цели 10 години ве дискредитираше како Соросоидни платеници што работат за промена на името, а вие сесрдно му помагавте кога ја харавте Македонија со патувачкиот циркуз наречен ГЕМ, објаснувајќи зошто Македонија мора да го смени името за да влезе во ЕУ и НАТО. За сево ова време вашиот рејтинг беше 5% и покрај општата пљачка која владееше. Конечно, филмот се смени со прислушуваните разговори, и наеднаш видовме реки народ на улиците кои бараа одговорност за криминалите, правда за Нешковски, стоп за корупцијата и партизираноста. На тие протести кои ви ги донесоа победничките гласови немаше транспаренти ниту за името, ниту за НАТО, ниту за ЕУ. Затоа што народот инстинктивно разбира дека тие институции може да бидат најмногу само инструмент за стекнување демократски и економски придобивки, а не цел сама по себе.

И откако со судни маки победи, наместо да се фокусира на корупцијата, правната држава, партизираноста, СДСМ се зафати повторно со идентитетските теми, истите тие кои 10 години им го држеа рејтингот закован на дното. Не само што ниту еден од овие проблеми не се реши, туку потполно истите методи ги пресликаа од вмро: фрштат милионски тендери, субвенции за „иновации„, патни трошоци, партизирана администрација поголема од кога било, и минимални реформи во економијата. И година дена по падот на Груевски, ниту еден од крупните риби на режимот не е во затвор, некои од нив дури се и во Владата!

Безобразно е да барате од граѓаните да се „еманципираат„ од нивната „македонштина„ во име на некои апстрактни европски вредности кои ги газите при секоја прилика што ќе ви се пружи. Истите оние граѓани кои 25 години, те една те друга партија, ги држите во етнички трла во име на опстанок на тендер-коалицијата, кои ги плашите со етничка војна по потреба, и за кои не најдовте за сходно да произведете ниту една институционална иницијатива за јакнење на граѓанската свест и националната кохезија. Токму ваквите идентитетски политики го произведоа гласачот-„националист„ кој на 30 септември со масовен бојкот ќе ви го одземе легитимитетот да решавате за името. Како најголем апсурд, до таа мера не можете да се ослободите од погубната идеолошка матрица, што дури и кампањата за референдумот ја водите на идентитетска карта, лажно тврдејќи дека договорот ни го потврдувал и јакнел „идентитетот„ (под идентитет подразбираат прадавката), пошто некој така во него напишал без никаква законско-правна тежина.

Во сржта на сево ова стои еден презир кон обичниот граѓанин, односно сите оние што не прифаќаат ваква уцена во земена за празни ветувања за евроатлантски интеграции. За владеачката елита ние сме примитивни националисти, а тие се као високо еволуирани. Но еве и да прифатиме дека навистина тој што е ослободен од идентитетските „стеги„ е поеволуиран; Колку треба да си глуп да не можеш да увидиш дека натурање на сила на еден ваков конститутивен договор, што нема поддршка од широкото мнозинство, може да произведе само длабоки поделби и фрустрации што само ќе ги зајакнат најмрачните струи во политиката? Океј разбирам, вашата ароганција направи да се затворите во social bubbles и тотално да изгубите контакт со реалноста мислејќи дека народот ќе слави. Но зар и после дебаклот со НАТО-фест, зар и после дебаклот кој ве чека на 30 септември ќе го гурате на сила договорот во Собрание, изигрувајќи го гласот на народот на кого треба као божем да му служите? Која е политичката (или паричната) цена која ќе им ја понудите на вмровските пратеници за да се доберете до потребното двотретиснко мнозинство? Топтан амнестија или индивидуални функции?

Викаат дека треба да влеземе во ЕУ и НАТО заради унапредување на демократијата, безбедноста и правната држава. Но начинот на кој се бутка договорот многу јасно покажува дека напротив, тие се спремни заради ЕУ и НАТО да ги жртвуваат и демократијата, и безбедноста, и правната држава, со несогледливи долгорочни последици. А исходот од сево ова, без разлика дале ви помине или не, може да биде само еден – враќање на власт на дпмне. И кој планира да сноси одговорност за тоа?

loading...