Злите Македонци и кутрите северни црпки

АКЦИЈА
loading...

Стварно сте без врска! Како им се сипавте на девојчурцине што се возеле со џандарски џип низ Грција, незгодно ми падна. Па не се девојките Диме Спасов бре! Башка не разбирате што е грижлив татко. Тоа што човекот е директор на Биро за јавна безбедност, не значи дека не треба да се грижи за јавната безбедност на ќерка му и другарките нејзини. Нормално дека ќе и го даде службениот џип. А што сакавте вие, наместо во македонски џандарски џип да се вози во грчки џандарски џип? Баш сте еден невиден лошотилак.

Ех, барем тука да запреше вашата невоспитаност. Ама не, вам ништо не ви е доволно. Ќе сте бојкотирале референдум! И што повлеквит тоа? Нема Северна Македонија, нема ЕУ и НАТО. А кајшто нема ЕУ и НАТО, нема НАСА и Илон Маск. И што да прави сега онаа кутра северноцрпната професорка која сака да дознае дали НАСА открила згодни вонземјани, која е тајната конспиративна врска меѓу Илон Маск и „Маска“ со Џим Кери, дали на Фибоначиевите низи жена му на Заев може да спростира веш кога маж и не дозволува сенешто да му беси на жичката македонска и како Шредингеровата мачка ги учи своите мачиња фламански за да се разберат со мачките на Ван Хојте? Наместо да и ги дадете ЕУ и НАТО, вие злобници ќе бојкотирате, само за да ја оддалечите од НАСА и Илон Маск. Ќе ја НАСАмарите, ете тоа вие и го правите.

Знаете ли бре вие сељачишта македонски воопшто што е НАСА? Па НАСА лично го испрати Мет Дејмон на Марс за да најде вода и тој ја најде. Е не, вие ќе најдете вода на Марс! А Илон Маск, знаете ли вие кој е Илон Маск? Жими таквото, знаете! Па да не беше Илон Маск, она балканско сељачиште Никола Тесла никогаш немаше да стане познат и ќе си цркнеше сиромашен во беден хотел како што си цркна. Додека тој ваш Никола Тесла со кој се пувате, се глупираше со некакви идеи за бесплатна енергија за сите, Илон Маск зима ненормални пари од државата за да ги направи најбрзите подземни патишта преку кои ќе се стига на Марс. А на Марс се знае, Мет Дејмон. И сега вие непрокопсани, бојкотирајќи референдум сакате да ја спречите логичната марсовска љубов меѓу нашата северноцрпната професорка и Мет Дејмон.

Ама вие не сте само лоши, вие сте и злобни? Како не ви е грев да ги оставите децата на онаа кутра северна црпка без работа? А знаете и сами дека цела Европска Унија се тепа баш нејзините деца да ги вработи. И тоа не било кој, туку Адидас, Порше, Икеа и Оксфорд се грабаат за децата на нашава северна црпка, затоа што, како што велат самите, такви генијални умови не нашле низ својата унија. И вие ќе бојкотирате за нејзините деца да останат без работа. Ѓубриња! Тогаш вие да и ги вработите во ЕУ.

Ете како од злите Македонци страдаат кутрите и нежни северни црпки. И сега мора да се истураат стотици милиони евра за овие несреќни ЕУтанизирани и НАТОрализирани луѓенца да можат да крикнат за поддршка на референдумот. Како инаку да се борат против сиромашната небањата сељачаана, ако не со милиончиња од странски донации, владини тендери и конкурси за иновации.

П.С. Единствената светла точка во овие мрачни времиња за прогресивното граЏанство е нивниот славен археолог Зоќи З. инаку црпнат од бесконечноста на вселената каде што живее глупоста, кој по Хајнрих Шлиман.човекот што ја откри Троја и Марти Мистерија, човекот што ја покри Атлантида, лично, сам, со свои раце, го најде гробот на Гоце Делчев во Благоевград, кој се прослави со реченицата „Јас го разбирам светот како нива од која северните црпки треба да бидат црпнати право во ЕУ и НАТО за да може Илон Маск да им шета гол по дома“.

loading...