Турчинот Хусеин од валандовското с. Башибоз ги обновува бугарските чешми во Македонија

АКЦИЈА
loading...

Превземено од Денешен.мк

Веќе неколку години 44-годишниот Турчин, Хусеин Хусеинов, од валандовското село Башибоз, ги обновува чешмите изградени од бугарските војници за време на Дојранската епопеја 1915-1918 година. Тогаш, близу три години, бугарската војска, составена од 9-та Плевенска дивизија под команда на генерал Владимир Вазов и 11-та Македонска пешадиска дивизија биле стражари на овој дел од Солунскиот фронт и го кршеа отпорот на противнците од Антантата.

Хусеин е невработен, живее во родното село, пред неколку месеци ја погребал мајка си и се прехранува продавајќи шумски печурки и плодови. Од време на време е водач на туристички групи зашто во тој западен дел на Беласица, Хусеин пораснал и нема да се изгуби ниту со врзани очи.

„Вие Бугарите, тука имате музеј на отворено. Планината Беласица и полето крај Дојранското Езеео е издупчено со бункери и скривници од Првата светска војна како швајцарско сирење. Секој ден излегувам по печурки и наидувам на делови од проектили, пушки, мини, патрони и каква ли уште не муниција. Во земјата откривам камени крстови на загинатите Бугари, урнати низ годините од србоманите“, изјави Хусеин Хусеинов кој има профил на фејсбук под името Husein izci Husein.

Пред неколку мсеци, тој, самиот, со свои пари ја обновил камнета чешма изѕидана пред повеќе од еден век од бугарските војници. Чешмата се наоаѓа на неколку километри од Башибоз. Хусеин ја утврдил местоположбата и на други чешми, од кои некои пресушиле. Редовно на својот фејсбук профил постира снимки од тоа што го пронашол и добро е што од Бугарија веќе му испраќаат парична помош за материјали со кои ги обновува чешмите.

„На многу места наидувам на гробови на тука загинатите бугарски војници. Низ годините, србоманите во Македонија ги уништиле камените крстови, но Бугарија треба да се организира и да ги собере коските во една општа гробница во тој дел на Беласица. Јас имав проблеми со власта тука кога видоа дека ја обновувам големата чешма. Проблем ми правеа и зошто ги собирам старите пушки, пиштоли, бомби и друго, но кога на гости од Софија ми дојдоа Иво Антонов од Военото министерство и неколку историчари, веќе не смеат да ме опструираат. На чешмата работев 10 дена. Иво Антонов ме награди со две бугарски медаљи“ ни рече Хусеин.

Тој се чуди зошто бугарската власт се уште не презела чекори кон организирање на експедиција на Беласица и отворање на музеј на отворено.

„Бугарија тука има многу историја, а поголемиот дел од бугарските војници и офицери на 11-та Македонска пешадиска дивизија биле од денешна Република Македонија. Затоа, тој музеј може да се отвори заедно со денешната власт во Македонија. Има уште многу докази закопани во земјата, но тие треба да се извадат од историчари специјалисти. Во септември ќе се навршат 100 години од Дојранската битка и Бугарија треба да преземе нешто“, раскажува Хусеин.

Од постарите слушал многу за војната:

„Многу мака, глад и сиромаштија имало. Многу убиени и ранети. Војниците саделе зелка и домати на нивите за да се прехранат. Водениците и колибите биле претворени во болници. Бугарската војска почнала да гради и железница од Беласица до Петрич, но војната завршила и пругата останала неизградена. Бил пробиен само пат кој и сега се нарекува „бугарскиот пат“, истакна Хусеин.

Тој додал дека ако има бугарски пасош и документ дека може да биде туристички водач, ќе остане во родниот Башибоз.

„За една корка леб одам во планината да собирам печурки. Тука нема работа за таквите како мене. Имам завршено четврто одделение, не се занимавам со политика, но бугарската историја многу ме интересира“, рече Хусеин.

Наназад три години, во тој дел на Македонија доаѓале и трагачи од Британија и Франција кои со модерни детектори се обидуваат да го најдат златото на поручникот Кројф. Легендата за холандскиот поручник во германската војска вели дека тој некаде во пазувите на Беласица сокрил неброено злато кое по неговот повлекување останало тука. Хусеин потврдува дека такво скривалиште има и дека златото останало тука по повлекувањето на војските во 1918 година.

„Ме бараа мене да ги водам, влегуваа во бункерите. Затоа велам дека ако тука се отвори музеј на отворено, ќе доаѓаат многу туристи, а од тоа полза ќе има и Македонија“, вели Хусеин кого соселаните го нарекуваат Индијана Џонс.

(Румен Жерев за Монитор.бг)

loading...