Навивачите најавуваат кривични за сите што шират говор на омраза против Македонија и Македонците

АКЦИЈА
loading...

Кулминира прогонот на патриотите од страна на режимот на власта. А, МВР врши притисок врз навивачките групи кои гласно го изразија својот револт против промена на уставното име на Македонија, а голем број навивачи по случувањата на Мечки Камен се повикани на информативни разговори поради тоа што ги исвиркаа функционерите на власта.

На ваквото однесување реагираше истакнатиот член на навивачката група Мајмуни од Прилеп, Марјан Стојаноски кој запраша до каде оди нивната лудост. Стојаноски истакна дека говорот на омраза го има насекаде и од секого, но надлежните органи досега никогаш не реагирале. Да потсетиме дека во текот на денешниот ден објавивме дека директорот на Агенцијата за заштита и спасување, Аднан Џаферовски повика на смрт на сите полтички опоненти на актуелната власт, а потоа откако скандалот се обзнани во јавноста го избриша својот Фејсбук пост. За неговото дело не допре ниту еден глас до ОЈО иако социјалните мрежи беа преплавени со неговиот статус.

„Које Дно сте, крај нема вашата Лудост …ГОВОР на ОМРАЗА … Каде Секој ДЕН, се случува по илјада пати, На секој Митинг, Утакмица, Прослава, Прес конференција, Изјава, Интервју, Тв емисија, Песни Финансирани од Влада, Кампања, Социјални Мрежи и уште илјада места … Вие со сиот “здрав” Разум, си Земате за Право и при “чиста” совест се Осмелувате да Покренувате Постспка за ГОВОР на ОМРАЗА
Па не џабе отепав 2год. Притвор Законите ги Изучив многу Повејќе од Многу Адвокати, Судии, Обвинители и др.
Па знаете ли со Овакви Постапки покрај Уставот, колку Други Закони Прекршувате и Вршите Кривични Дела …

Затоа после Овај Удар врз НАВИВАЧИТЕ, ние НК МАЈМУНИ во соработка со Останатите НК од МАКЕДОНИЈА, во соработка со Правни Советници, Че ОРГАНИЗИРАМЕ Акција за Покренување на КРИВИЧНИ ПОСТАПКИ против секој онај Што Че Изнесе јавно ГОВОР на ОМРАЗА против МАКЕДОНИЈА и МАКЕДОНЦИТЕ и Помогнеме СЕКОЈ Граѓанин на МАКЕДОНИЈА кој се Почуствива Навреден и Под Закана да Покрене Постапка ПРОТИВ сторителите, ПОСТАПКИ против ИНСТИТУЦИИТЕ и Нивните ПРЕТПОСТАВЕНИ, Злоупотрби на ФУНКЦИИ, КД за Не Постапување, Помош при Барање Правдата Пред МЕЃУНАРОДНИТЕ Правни Судови и сл.

Че ги затрупаме Судовите со ПОДНЕСОЦИ имајќи во вид моменталната ситуација и однесување на Анти Македонците …
Че ПОЧНЕМЕ со Желбата за НАША СМРТ од ДИРЕКТОРОТ за Справување со Кризи, Советникот на ПРЕМИЕРОТ кој не ПЛАШИ со Војна, како и КОРДИНАТОРОТ за НАТО интеграци и уште Без Број Други …

Сакате ПРАВНА ДРЖАВА, че ја ДОБИЕТЕ …

п.с. на СЕКОЈ поднесок како ПРИЛОГ че ДОСТАВУВАМЕ примерок од НАШИТЕ пријави и евентуални ПРЕСУДИ …“

Фејсбук статус на Марјан Стојаноски

Извор: Инфомакс

loading...