Како би гласал Метју Нимиц на референдумот кога би бил Македонец?

АКЦИЈА
loading...

„Неофицијално – ако бев Македонец, не би преговарал за моето име”, изјавил медијаторот во спорот за името Метју Нимиц, посочи некаде лани ова време првиот човек на Македонското меѓународно движење за човекови права (ММДЧП) од Канада – Бил Николов.

Нимиц напоменал дека неговите коментари се „неофицијални”, а ММДЧП го прашала зошто и јавно не ги искаже своите чувства, не поднесе оставка и не се откаже од преговорите за името.

Откако го увиделе огромниот притисок врз Македонија да го смени името, а со цел да се смири угнетувачот Грција, ММДЧП одлучила во име на Метју Нимиц, јавно да да ги објави неговите чувства.

Според претседателот на ММДЧП, Бил Николов, кој го прашал Нимиц, какви се неговите очекувања доколку Македонија се повлече од преговорите за името, тој одговорил: „Ништо. Не верувам дека би имало било какви последици”.

Потполно идентичен одговор тогаш ММДЧП добиле и од претставниците на американскиот Стејт департмент кога Николов го поставил истото прашање. Од Стејт департментот рекле дека според нив решение за спорот за името нема и дека прекинот на преговорите би била логична одлука…

Извор: Експрес.мк (објавено во јуни 2017)

 

loading...