Членови на Левица на анти-НАТО протестот во грчката база Араксос (ВИДЕО)

АКЦИЈА
loading...

Членови на Левица учествуваа на протест против НАТО во грчката база Араксос. Протестот беше организиран од страна на грчките левичарските партии против најавата за носење нуклеарно оружје во базата.

Дел од паролите кои беа извикувани на протестот гласеа:

“Во Грција, Македонија и Турција непријатели се банките и министерствата!”

“Народи на Балканот – обединете се заедно против империјализмот!”

“70 години НАТО – 70 години војни, диктатури и тероризам.”

“НАТО значи удавени бегалци.”

Обичниот народ на Балканот ги дели истите проблеми – сиромаштија, невработеност и беда предизвикани од елитите кои работат за интересите на домашниот и светскиот капитал.

ПРОТИВ НАТО, ПРОТИВ ВОЈНИТЕ ЗА ПРОФИТ!

loading...