Значителен пад во привлекувањето на странски инвестици

АКЦИЈА
loading...

Деновиве излезе извештајот “Global Location Trends – 2018 Annual Report: Getting ready for Globalization”  публикуван од страна на на IBM – Plant Location International (PLI), организациона единица на IBM  која изработува локациски стратегии за своите коропративни клиенти, односно подготвува анализи за можните бизнис локации на големите меѓународни компании.

Тема на годинешниот извештај, разбирливо, е новата ера на глобализацијата поттикната се разбира од прогресот на ИТ индустријата. Главните заклучоци на извештајот се:

  • Глобалното креирање на работни места преку стррански директни инвестиции во 2017 година 5% забавило
  • САД повторно е лидер во привлекување на странски директни инвестиции
  • Кина, Индија и Мексико забележуваат пад во привлекување на странски директни инвестиции,
  • Работните места во ИТ и другите високо технолошки индустрии продолжуваат да растат.

Извештајот ги анализира и трендовите на привлекување странски директни инвестиции во различни региони во светот, меѓу кои и Балканскиот полуостров. Притоа, заклучокот за Западен Балкан е одличен односно авторите на извештајот укажуваат дека овој регион ја зациментирал лидерската позиција, односно елаборираат дека неколку мали земји се многу успешни во отворање нови работни места во фирми во странска сопственост. Ваквиот податок укажува на една светла перспектива за целиот регион и нормално очекувања за раст на стандардот на жителите во овие земји.

Но, за разлика од периодот 2012-2016 година кога всушност Република Македонија била лидер по број на нови отворени работни места во фирми со странска сопственост, во 2017 година тој примат го превзема нашиот северен сосед, додека Република Македонија паѓа на 10то место. Всушност и политиката на ангажирање нестручни кадри на клучните места за привлекување инвестиции дава резултати. Имено, во периодот 2012-2016 во Република Македонија просечно се отворени по повеќе од 2600 нови работни места на милион жители во компании со странска сопственост, додека во Србија отворени се околу 1900 нови работни места на милион жители. Во тој период Република Македонија била лидер во Западен Балкан. За разлика од овој период, во 2017 година отворени се 1400 нови работни места на милион жители (пад на 10то место за нашата држава) во компании со странска сопственост, додека во Србија бројката изнесува речиси 3000 нови работни места (Србија станува лидер во регионот).

Ваквите податоци укажуваат дека за разлика од минатиот период кога Владата на Република Македонија водеше про-активна политика за привлекување на Странски директни инвестиции, новата Влада забележува поразителни резултати, а најголем бенефит од сето тоа има Република Србија. Не случајно претседателот на северниот сосед при анализа на српската економија често прави споредба со македонската економија.

Ситуацијата навистина е загрижувачка. Во 2018 година речиси и да нема нови фабрики. Имаше отварање на две – Германски Вик и Турската компанија Мурат – кои беа договорени од претходната Влада и сега со тешки маки реализирани од страна на Владата на СДСМ. Премиерот Заев навистина треба да размисли за промена на тимот кој работи на привлекување на странски директни инвестиции.

Целиот извештај можете да го погледнете и симнете од следната интернет страница: https://www-935.ibm.com/services/us/gbs/thoughtleadership/gltr2018/.

loading...