Кога Фрчкоски беше поразен кандидат за претседател, а Нано Ружин голем Македонец

АКЦИЈА
loading...

Кога и да се појавиле Љубомир Фрчкоски и Нано Ружин пред народот, на избори – загубииле. Секогаш барале поддршка од амбасади, невладини организации со странски грантови, од Црвенковски и партијата но, било залудно. На претседателските избори во 2009 му беа притивкандидати на Ѓорѓи Иванов и, нормално, повторно загубија. Во тоа време Нано Ружин, лав во хороскоп, а заштитен знак му било – македонското сонце! По поразот, се откажа од заштитниот знак.

На тие избори Иванов до колена го победи и прегази противкандидатот на СДСМ Љубомир Фрчкоски, оној кој до ден денес не може да го прежали својот пораз и се обидува да му продава памет на човекот кој добил скоро 200.000 гласа повеќе од него кога лице в лице ги измериле силите пред гласачите: За Ѓорѓе Иванов на изборите гласаа 453.616 а за Фрчкоски само 264.828 гласачи.

Еве го извештајот со подгтовките за претседателските избори 2009 година

Претседателските кандидати на изборите во 2009 година – Љубомир Фрчковски, Нано Ружин, Мируше Хоџа и Нано Ружин вчера ги доставија собраните потписи од граѓаните до Државната изборна комисија.

Ружин, кого за кандидат за иден шеф на државата го предложи ЛДП изјави дека очекува поддршка од сите граѓани бидејќи, како што рече, е непартиски кандидат.

– Во хороскопски знак сум лав, а заштитен знак ми е македонското сонце. Очекувам до 22 март тоа уште повеќе да сјае како денеска и да овозможи да ги здружиме и обединиме граѓаните и да функционираме понатаму по нашиот пат кон ЕУ и НАТО, рече Ружин.

Тој најави дека денеска ќе се сретне со амбасадорите на Велика Британија и Франција Ендру Ки и Бернар Валеро.

Кандидатката на ДПА Мируше Хоџа пак по поднесувањето на кандидатурата рече дека очекува таа да биде потврдена за 48 часа. Најави скромна предизборна кампања без трошење на големи финансиски средства. На тој начин, смета Хоџа ќе излезат на виделина предностите и перспективите на нејзината кандидатура.
-Главната поента на кампањата ќе биде да се надминат несогласувањата кои ги прават граѓаните несреќни, рече Хоџа не одговарајќи дали еден од приоритетите ќе и биде и проблемот за името меѓу Македонија и Грција.

За разлика од Ружин и Хоџа кои присуствуваа во ДИК и ги предадоа кандидатурите заедно со сопартијците, потписите на кандидатот на СДСМ Љубомир Фрчковски, до комисијата ги достави овластениот претставник, Ѓунер Исмаил.

Тројцата кандидати претходно собраа повеќе од потребните 10.000 потписи како поддршка од граѓаните за официјализирање на кандидатурата.

По ова бројот на претседателски кандидати кои ги доставија потписите до ДИК се искачи на пет. Претходно тоа го сторија кандидатот на ДУИ Агрон Буџаку и независниот кандидат Љубе Бошковски. До 15 февруари тоа треба да го сторат и кандидатите на ВМРО-ДПМНЕ Ѓорѓе Иванов и на Нова Демократија Имер Селмани. Потребните потписи за кандидатура не ги собраа Благоја Марковски и Невзат Халили, а Слаѓана Тасева се откажа. Изборната кампања започнува на 2 март и ќе трае дваесет дена.

(Објавено 11.2.2009 година)

loading...