Бачев на чело на кампањата за бојкот на референдумот

АКЦИЈА
loading...

„Единствена Македонија“ и нејзиниот претседател Јанко Бачев ја предводат кампањата на повеќе организациии и политички партии за бојкот на референдумот. Како што изјави Бачев денеска само со бојкот може да се спречи, рече тој, промена на „вековното македонско име“.

-Ова е најголемиот предизвик пред кој се наоѓа државата. Сакаат да ни го уништат вечното македонско име, идентитет, јазик и култура, сакаа да не избришат од светската мапа на нации. Нема да им го дозволиме тоа. Оваа битка е многу поголема од предавничките авантури на пучистичката власт која во очајнички обид да распродаде се што е македонско се служи со лаги – рече Бачев

Тој се закани дека по промена на власта, одговорност ќе сносат, рече тој, сите национални предавници.

-Зоран Заев и предавничката власт се во страшен очај. Некни на Илинден им сметаше МРТ бидејќи пренесувале од настанот. Велат дека бојкот значи прифаќање на договорот со Грција, но тоа е една голема лага. Да не им верувате. Оваа битка ќе се добие на 30 септември со неизлегување на референдумот. Само ќе остане срамот на марионетската власт од која ќе се срамат и нивните поколенија. Не само срамот, ќе остане и одговорност, а новата легална власт која доаѓа ќе расчисти со сите национални предавници – порача тој.

loading...