Апасиев: Ова е доказ дека Новиот режим, полека но сигурно, го надминува Стариот

АКЦИЈА
loading...

Власта е во ПАНИКА од извесниот неуспех на нелегалниот референдум и почнува со сила. Секојдневно добивам мејлови од луѓе вработени во јавен сектор кои бараат правна помош, оти против нив се покренати дисциплински постапки за напишани fb статуси!?

Ова е доказ дека Новиот режим, полека но сигурно, го надминува Стариот и се трансформира во извитоперен облик на ТИРАНИЈА. Уцени, закани за војна, заплашувања за бркање од работа, пресензитивност на критика – не се одлика на една демократска власт.
Или, како што вика Де Монтењ: „Секој [властодржец] што им се противи на законите, ги заплашува чесните луѓе со камшик и ортома“.

p.s. Ако мислите дека ќе го уплашите освестениот народ, ондак „сте нашле црква за крстење“.

Само повеќе иритирате и нè инспирирате во Борбата. За само година дена, станавте бетер од оние против кои се боревме! А тоа скапо ќе го платите.

#НемаПравдаНемаМир
#ЦрвенаРеволуција
#НеВиСеПлашиме
#НеВиПоминува
#Бојкотирам

loading...