Колку од младите живеат на грбот на родителите?

АКЦИЈА
loading...

Се оженив пред шест години. Имам две деца. Работиме и јас и сопругата, но платите ни се минимални. Живее се уште со моите родители во заедница. Не можеме да опстанеме сами. Вака ги делиме трошоците за дома, а и моите помагаат околу чување на децата. Така е сега за сега. Се надевам еден ден на нешто подобро…

Само 5% од младите во земјава немаат финансиски проблеми и можат да купат што ќе посакаат, а секој осми млад нема пари да купи облека и обувки.

Над две третини од младите во Македонија, на возраст од 16 до 30 години живеат со родителите. Овие „благодети“ на продолжена адолесценција ги уживаат повеќе машките отколку девојките, а на село повеќето млади живеат со родителите за разлика од урбаните средини.

Овие статистики експертите ги коментираат објаснувајќи дека Македонија е една од земјите каде младите не се поттикнуваат на самостојност, живеат и зависат од родителите за кои се емоционално поврзани.

Младите не можат да си дозволат 1.46% од шесте основни добра, а тоа се одржување на топол дом, одмор од една недела годишно, оброк со месо, риба или пилешко секој втор ден, замена на мебел, купување нова облека или да поканат гости.

loading...