Кој го предаде Гоце? (Оригинална статија на Њу Јорк Тајмс од 26 мај 1903 година)

АКЦИЈА
loading...

Наслов во Њу Јорк Тајмс од 26 мај 1903 година за убиството на Гоце Делчев и предавството од грчки шпион.

Смрт на македонскиот војвода

Дописникот на ‘Тајмс’ од Софија пренесува дека деталните извештаи за смртта на Делчев, познатиот македонски војвода, покажуваат оти тој бил со четата предводена од Војводата и Кирчовски заедно со поетот Таворов кога влегле во селото Баница во близина на Серез, а за неговото присуство Турците дознале откако го предал грчки шпион.

Голема војска го опколила селото и сите припадници на револуционерната чета биле убиени по долгиот отпор. Жителите на селото, кое Турците го запалиле, исто така биле убиени.

Делчев имаше 32 години. Тој беше даскал, и тој беше основач на Македонската организација којашто има разграноци низ целата држава.

Дописникот на “Тајмс” од Виена вели дека продолжуваат потрагата и апсењата во вилаетот Адријанопле. Приведени се голем број свештеници и даскали. Во шест села било најдено оружје. Машката популација е во бегство, а земјоделските работи се во прекин.

loading...