Шилегов до Иванов: Збогум „заобиколен“

АКЦИЈА

Градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов денеска реагираше на говорот на Мечкин Камен од страна на Претседателот на Македонија, Ѓорѓе Иванов со зборовите „тоа не е мојата, нашата, ако сакате и илинденската и асномска Македонија. Тоа е фашистичка Македонија

Фб статус на Шилегов

Се надевам дека Иванов ги слушна “повиците” на неговите следбеници денес на Мечкин Камен.

Ако е таква “неговата” Македонија, тогаш, не. Благодарам. И ќе го заобиколувам.

Тоа не е мојата, нашата, ако сакате и илинденската и асномска Македонија. Тоа е фашистичка Македонија.

На тој пат, господине Иванов, одете сами. Со таа “шака јад” околу Вас.

А ние ?

Ние “ладно” ќе Ве заобиколиме. И ќе ја исправиме Македонија на вистинскиот пат. На извесна и подобра, европска иднина.

Збогум “заобиколен”.

loading...