И Манчевски се огласи за немилите настани на Мечкин Камен (ВИДЕО)

АКЦИЈА
loading...

Ѓорге Иванов не е достоен на функцијата што ја извршува. Тој денеска повторно се обиде да ја врати Македонија во изолација, каде што ја доведоа заедно со неговиот политички ментор Никола Груевски. Денеска Иванов се постави против стратешките интереси на Македонија, против ЕУ и НАТО, изјави министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски по чествувањето на двата Илиндена на Мечкин Камен.

Тој му порача на Иванов убаво да го прочита Договорот со Грција и да види дека со него се загарантирани македонскиот јазик, македонската национална посебност и македонскиот идентитет.

– Ќе му порачам на Иванов да си ги прочита убаво, повторно, и Рацин и Прличев и сите кои денеска ги цитираше, кои никогаш како него не ширеле меѓунационална и меѓуверска омраза. Денеска Иванов повторно не успеа да се надмине во својата немоќ. Се стави против македонската иднина и против подобар живот, против повисоки плати и работни места. За среќа, ниту Иванов, ниту неговиот Груевски, нема да ја носат одлуката. Одлуката за подобар живот во Македонија ќе ја носат граѓаните, суверено и на референдум. Тие ќе кажат „да“ за македонската иднина, рече Манчевски.

Министерот апелира граѓаните што помасовно да излезат на референдумот, нарекувајќи го нов Илинден. – Ќе зачекориме во нашата светла иднина, а изолацијата и политичарите од минатото, како Иванов и Груевски, ќе бидат заборавени, порача Манчевски.

На говорот на Иванов, но и навредите упатени од дел од луѓето со осуда се јави и општина Крушево од каде велат дека се оградуваат од омразата и навредите изнесени на Мечкин Камен.

– На 115 години од Илинденското востание Крушево беше сведок на демонстрирање омраза и нетрпеливост, како и непочитување на идеалите на Крушевскиот манифест и борците за слобода. Денес во Крушево на големиот Илинден слушавме пароли на омраза и повикување на насилство врз неистомислениците. Место мир, сплотеност и разбирање на 2-ри август во Крушево се посеаа навреди, омраза и повици за линч. Илинденците и крушевчани се горди на денешната слободна Македонија, на македонскиот јазик и македонскиот идентитет кои ги зачувавме и зацвртивме. Сите оние кои на овој свет ден сеат омраза и навреди врз своите сограѓани се срам За илинденците и го сквернават овој голем празник, велат од општина Крушево.

loading...