Еве како беше пречекан претседателот Ѓорѓе Иванов во Крушево (ВИДЕО)

АКЦИЈА
loading...

Републиката е на народот, бидејќи од него извира сувереноста и во него се слева сувереноста. Република Македонија не е приватна сопственост та некој да тргува со неа, со нејзините атрибути и вредности. Република Македонија не е личен имот та некој да ја распродава. Република Македонија не е ничија земја, та секој да ја присвојува. Република Македонија му припаѓа на народот кој ја создал, порача претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов во обраќањето по повод државниот празник 2 Август-Илинден, на свеченоста на Мечкин Камен во Крушево.

А тој народ, додаде претседателот Иванов, освен што полага историско право на својата Република, истовремено има историска одговорност кон таа своја република.

– Ниту една генерација, вклучително и нашата генерација, не може да тврди дека со неа започнува се. Нацијата, државата, Републиката, се создавани и градени од многу генерации. Кај едни се родила како идеја што им ја греела душата а други се бореле и избориле за остварување на таа идеја. Трети пак, работеле на нејзино надградување. И сите тие генерации се вградени во нашата единствена татковина Република Македонија, порача македонскиот претседател.

Иванов во своето обраќање потсети на Тајванскиот договор од 1998 година, кога тогашната Влада и покрај спротивставувањето на Републиката, донела одлука да го признае Тајван.

Еве како беше пречекан:

Мечкин Камен 2018 – Претседателот Ѓорѓе Иванов

ЃОРГЕ ИВАНОВ, ПРЕТСЕДАТЕЛ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА, се додека Вие сте заедно со народот, Вие сте нашиот херој! Пречекот што го добивте на Мечкин Камен е заслужен! Движењето Ние Сме Македонија ви посакува Среќен Илинден, да ни е за многу години празникот, и да ни е жива и здрава РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА! #Бојкот #Бојкотирам #НиеСмеМакедонија #РепубликаМакедонијаЕргаОмнес————————————–Mr President, as long as you are with the people, you are our hero! The welcome you received at Mechkin Kamen was well deserved! The movement We Are Macedonia wishes you all a Happy Ilinden, let it be celebrated for years to come, and let our country REPUBLIC OF MACEDONIA be alive and well!#Boycott #Bojkotiram #WeAreMacedonia #RepublicOfMacedoniaErgaOmnes

Публикувахте от We Are Macedonia в Четвъртък, 2 август 2018 г.

loading...