Да се помириме дека сме само дел од географска Македонија

АКЦИЈА
loading...

Националниот координатор за НАТО, Стево Пендаровски, во изјава за „Дојче веле“ вели дека по „трите историски одлуки“ кои преставувале „ ДНК на современа Македонија“, на ред е уште една (референдумот-н.з.) која треба да го заокружи нејзиниот меѓународен легитимитет.

„Со Прохор Пчински во 1944 и референдумот за независност во 1991 година, Македонците за првпат во својата историја формираа своја држава“, вели Пендаровски и додава:

„Со Рамковниот договор во 2001 година државата го призна ноторниот факт дека не е држава само на Македонците, а на претстојниот референдум за договорот за името и влезот во НАТО и ЕУ, Македонија треба дефинитивно да се позиционира како дел од западната цивилизација, и преку прифаќање на фактот дека се протега на еден дел од географска Македонија, де факто, да постигне историско помирување со своите соседи по поделбата во 1913 година“, вели Пендаровски.

Тој смета дека во сите изминати години политичката реторика се менувала, но останало како константа одбивањето на дел од политичките лидери да се соочат со внатрешната реалност и со поширокиот надворешнополитички контекст.

Целиот текст на „Дојче веле“ тука.

loading...