Ванковска: ДПМНЕ е како во вицот со селанецот што се побунил за шамари

АКЦИЈА
loading...

Ова скандализирање (наведено во линкот подоле) потсетува на еден добар виц.

Доаѓаат окупатори во селска куќа и бараат домаќинот да издаде некоја тајна информација. Тој никако да прозбори!

Му палат амбарот, па куќата, му ја силуваат жената – тој ништо!

На крајот, командантот изнервиран и незнаејќи што да му прави, му врзал две шлаканици.

И селанецот почнува да се буни за првпат: Ааа, сега и со шлаканици почнавме, значи!

Така и со нашава парламентарна “демократија”. Уставот го ничкосаа, неуставен референдум распишаа, па сега ќе викаме зошто Туфегџиќка пленумка ќе водела собраниска комисија!?!
Какви шлаканици треба да му врзат на ДПМНЕ за да го бојкотира сосема ова квази-собрание??!

loading...