Италијанецот Лоди ќе напише: Ја видов Македонија во тој момент – маченица, велика, непобедлива!

АКЦИЈА
loading...

Во предвечерието на Празникот, да се потсетиме на нашите совршени предци: Непосредно после неуспешното Илинденско востание, охридскиот Војвода Христо Узунов, стоејќи понизно пред измачениот, ограбен и поробен народ рекол:

„Браќа, сонце сакавме, а ни искра не добивме. Нашата земја се натопи со пепел и крв, и за сѐ знаете, јас сум виновен. Еве ви се предавам, убијте ме, предајте ме, што сакате правете со мене.“

Овие зборови, кои немо одѕвонуваат во нашава сегашност, ги искажал моралниот џин на негови дваесет и пет години! Неколку дена откако го погребал родениот брат Андон, кој загинал во Востанието!

Без ниту еден добиен тендер зад себе и без партиско вработување за членови на семејството, предаден и опколен во селото Цер, на 24 април 1905 година се саможртвува заедно со соборците.

Италијанецот Еторе Лоди за тоа пишува: „Узунов лежеше прострен на подот со раширени раце, а погледот на неговите мртви и отворени очи гледаше горе, во бескрајот. Од челото уште течеше крв… Ја видов Македонија во тој момент – маченица, велика, непобедлива! “.

Вечнаја памјат Војводо!
Свето име Македонија! Да исчекаме да ја видиме онаква каква што ја сонуваше!

Напишано од Војо Димоски

loading...