Парадоксот Тричковски

АКЦИЈА
loading...

Парадоксот на референдумот

Не можете да го уривате Заев така што ќе го уривате референдумот, туку само така што ќе се потрудите договорот со Грција да успее! Македонецот нема смисла за парадокси, но мислам дек овој ќе може да го сфати: Само успешен референдум обезбедува атмосфера за политички натпревар, при што, успешниот референдум ќе остави доволно муниција за напади врз актуелната власт, што заедно со проблемите што таа ги продуцира во речиси сите други области и даваат добри шанси на опозицијата. Без да се загрозуваат шансите на Македонија.

Ако, пак, пропадне референдумот, односно перспективите за ЕУ и НАТО, нема да пропадне само Заев, тој, дури, најмалку ќе пропадне, туку ќе пропадне Македонија и тие што го уриваат премиерот заедно со референдумот. Тоа е многу изгледна опција. Која е подобра од хаосот, анархијата и продолжената агонија во која смена на власта, генерално, нема да има, просто затоа што ќе нема единствена власт.

Нели ви се чини дека антиреферендумската кампања е олабавена, дури дека е суспендирана во својата хистерична форма. Јас мислам дека тоа е рзултат и на сознанијата за кои тука стана збор, заедно со фактот кој ќе станува се поочигледен, а тоа е дека договорот е историско бинго за Македонија и дека плачипичествата по името и по идентитетот се плачипичества во кои ќе се искомпромитираат еден куп поединци и структури и ништо друго.

 

loading...