Хан ги повика граѓаните на (знаме) да излезат на референдум, во коментари му одржаа лекција: Прво речи Македонија!

АКЦИЈА
loading...

“Ја поздравувам одлуката за одржување на референдум на 30 септември за историскиот договор за името меѓу 🇲🇰 и 🇬🇷. ЕУ го поддржува договорот и неговата имплементација како симбол на помирувањето и добрите односи меѓу соседските односи во регионот…

Ги повикувам сите граѓани на 🇲🇰 да го искористат нивното демократско право да гласаат. Се работи за нивната земја и нивната иднина, порача вчера вечерта еврокомесарот за проширување Јоханес Хан, кој наместо Македонија во обраќањето го користеше знамето на земјата”, напиша Хан на Твитер.

Но Твитер не му ја премолче новата пракса на еврокомесарот со која „вашата земја“ го заменува со сликичка од знамето, се со цел да избегне да ја спомне Македонија. Меѓу првите што му одговори беше поранешната министерка за култура во владата на Љубчо Георгиевски – Ганка Самоилова Цветанова, која на Хан му порача:

„Само кога ќе речете “Република Македонија“ г-ине Хан, само тогаш ќе имате кредибилитет да ги повикате граѓаните на оваа земја да го искористат своето демократско право да гласаат за, против или ДА ГО БОЈКОТИРААТ референдумот!“

Другите коментари беа многу „подиректни“…

loading...