ВМРО-ДПМНЕ не го прифаќа референдумското прашање, но ќе присуствува на седницата

АКЦИЈА
loading...

ВМРО-ДПМНЕ по координациите не го прифати референдумското прашање, но сепак пратениците ќе присуствуваат на собраниската седница, на која ќе се гласа за одлуката за распишување на референдумот.

На седницата, опозициските пратеници ќе побараат од парламентарното мнозинство да се откаже од ставовите за референдумот.

Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Јанушев, во изјава пред Собранието го обвини парламентарното мнозинство дека продолжува со, како што рече, самоволието и тоа за најважното прашање, референдумот за Договорот за името.

-Свесни дека договорот е штетен, се обидуваат на сила да протуркаат повеќесмислено прашање, без да ги земат предвид аргументите на опозицијата. ВМРО-ДПМНЕ во тој процес не прифати да биде алиби на власта и единствено декор. Прашањето мора да биде прецизно и недвосмислено, за да можат граѓаните да одговорат со за или против – изјави Јанушев.

За евентуален бојкот на референдумот, рече Јанушев, ќе одлучуваат највисоките партиски органи и јавноста ќе биде информирана.

– СДСМ сака да протне договор за капитулиција. Бараме парламентарното мнозинство да се откаже од ваквото однесување. Заев и СДСМ имаат одговорност за антидржавниот и капитулантски договор – изјави Јанушев.

loading...