Солза Грчева: На 30-ти септември оваа влада и нејзините помагачи одат во заборав

АКЦИЈА

По одлуката за распишување на референдумот за името, Солза Грчева со јасна порака до владата што ни ја зготви манџата, како и до сите нејзини јавни и тајни помошници.

Претходно Грчева ја коментираше и чудната опсесија на актуелната владејачка гарнитура околу зборот „зацврстува“:

Овие од власта имаат сериозен проблем со значењето на зборот “зацврсти“.

Рената Дескоска: Бојкотот на референдумот ќе го зацврсти договорот со Грција.

Заев: Договорот со Грција го зацврснува нашиот идентитет.

Како и да е, ние не сакаме поцврст идентитет од оној кој го имаме, а референдумот го бојкотираме!

Единствено што се зацврснува е стравот кај нив, дека ова насилие пропаѓа! И тоа очигледно, напиша Грчева на Фејсбук.

Грчева исто така ја коментираше и веселата математика на Заев, како и тоа дека референдумот не може да биде консултативен. Но ете, во Македонија веќе некое време не важат законите што не им одговараат, па ни Уставот, но сепак, коментарот на Грчева беше следниот:

„Веселата математика на Заев. Му кажа ли некој дека му требаат 907. 000 не само да излезат на гласање, туку да гласаат “за“ за да му успее приватниот референдум? Според Устав и Закон за референдум. Истата бројка е за двата типа на референдум. Плус консултативен не може да биде. Хаааа…тврдо нели?

(потоа го цитира Заев)

-“Отворени сме за расправа дали референдумот да биде консулатативен или обврзувачки. На крајот одлуката е задолжителна. Теоретски, можат да излезат еден милион гласачи, 600 илјади да гласаат за, 400 илјади да гласаат против. Тогаш политичарите сите ја спроведуваат одлуката, гласаат во Собрание и постигнуваме консензус. Ако излезат милион гласачи, 600 илјади гласаат против, 400 илјади гласаат за, тогаш не важи Договорот со Грција. Ако излезат 800 илјади гласачи, 600 илјади се за, а 200 илјади се против, тогаш граѓаните не донеле одлука. Ако нема исполнет цензус, нема одлука, така е по уставот. Тогаш институциите треба да одлучат да гласаат за или против уставни промени, “ рече Заев.“

loading...