За само неколку месеци фирмата донатор на СДСМ, Делукс-Ауто има добиено тендери во вредност од над 24 милиони денари

АКЦИЈА
loading...

Додека Зоран Заев ги распродава највисоките национални и државни интереси, фирмите блиски до криминалниот картел на власт добиваат милиони евра на нивните сметки. Скандалот со Фондот за иновации и криминалната поделба на 10,5 милиони евра на фирмите на функционерите на власта и нивните роднини и скандалот во Министерството за здравство кое сакаше да додели 35 милиони евра, не се единствените. 45-те милиони евра не се единствените кои се одлеваат од џебот на граѓаните на сметките на фирми блиски на СДСМ.

Ова денеска на прес конференција го истакна членот на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Владимир Нелоски, потенцирајќи дека нов тендер за набавка на возила за потребите на државните институции добила фирма донатор на СДСМ.

-Имено, се работи за кумановската фирма Делукс – Ауто која го доби тендерот и од Централниот регистер на Македонија во вредност од на 8.3 милиони денари за набавка 11 моторни возила. Лани без тендер, во четири очи Делукс Ауто Куманово направи зделка тешка еден милион евра со Министерството за внатрешни работи и Оливер Спасовски за набавка на 45 шкоди. Соседите на Оливер Спасовски може немале да понудат некоја иновација, но за тоа повторно успеа да добијат тендер тежок над 8.3 милиони денари. Иако ова компанија не увозник, тука е само дистрибутер на возила, кога се работи за добивање на тендер од државните институции е иновативна во понудите и фаворит на јавните набавки, појаснува Нелоски.

Посочува дека за само 7 месеци годинава, фирмата донатор на СДСМ Делукс- Ауто од Куманово има добиено повеќе тендери за повеќе јавни набавки во вредност од над 24 милиони денари или околу 400 000 евра.

-Делукс Ауто досега има добиено тендери од неколку државни и локални институции, како Македонски енергетски ресурси (МЕР), Министерство за одбрана, Oпштина Куманово, ЈП Студенчица- Кичево, Центар за јавно здравје Куманово и други. Откако криминалниот картел е на власт, донатор фирмата Делукс Ауто, за нешто повеќе од една година има добиено тендери во висина од над 1.5 милиони евра. Дали преку овие јавни набавки и добивање на државни пари, СДСМ и Зоран Заев се одолжуваат на фирмите и лицата кои им донирале во нивната партиска каса? Дали граѓаните се должни своите пари да ги плаќаат за богатење на криминалниот картел и нивните блиски соработници?, праша Нелоски.

Вели дека само за возила, само на една фирма која е донатор на СДСМ, од државата и се исплатени преку 1,5 милион евра, а Заев се колнеше пред избори дека немало да купува мебел и возила.

-Што ли ќе се случеше ако човекот не се колнеше? Но, толку му тежи зборот. Се што кажа, излажа. Одговорност за овие скандали на СДСМ, Зоран Заев и неговите соработници мора да има. Одговорност за овој грабеж кој го прави оваа криминална власт мора да има. Правдата во Македонија ќе се врати и државата не смее повеќе да биде заложник на СДСМ и Зоран Заев. Македонија мора и ќе победи, рече Нелоски.

Извор:Курир

loading...