Практичен пример како се станува модерен роб

АКЦИЈА
loading...

Нашето семејството произведуваше и продаваше чевли.

Бевме големо семејство од 60-тина луѓе. 50-мина од семејството ги правеа чевлите а останатите 10-мина ги продаваа. Имавме добра заработувачка од над 40% во просек.

Еден ден ни дојдоа странци и ни понудија за 20% поефтини чевли, да ги продаваме како дополнителен асортиман. Заработката на овие чевли ќе биде 50%, а истите ќе бидат и понатаму поефтини од домашното производство. Квалитеот не беше ист, но во сиромашно село како нашето цената не беше толку важна.

Што се случи потоа?

Наместо 50 илјади парчиња домашно производство, сега се произведуваа 20 илјади парчиња а 30 илјади парчиња се увезуваа. Цената на чинење на домашните производи порасна, поради помалата набавка на суровини за домашните чевли и поради непополнетитот капацитет на погонот за производство. Имајќе во предвид дека во фабриката сите беа дел од семејството, никој никого не сакаше да отпушти.

Странците уште малку ја спуштија цената на нивните чевли па заработката од увозните чевли се зголеми, а на нашите се намали уште повеќе..

Во третата година се продаваа 45 илјади странски чевли и 5 илјади домашни чевли.

Семејството мораше да го затвори погонот поради загубите кои ги претрпуваше. Се согласивме да ја продадеме фирмата на странците за едно евро.

Селото, т.е. локалната самоуправа за да ни помогне на семејството се согласи на себе да ги превземе акумулираните долгови.

Наредната година странците ја подогнаа цената на чевлите кои веќе не се правеа од кожа, туку од скај. Кожените чевли веќе беше невозможно да ги купиш.

Производителот на млеко кој дотогаш ја продаваше кожата од животните за чевли, беше принуден да ја зголеми цената на млекото за да го надомести губитокот заработка од кожата.

Странците почнаа да увезуваат млеко поефтино од домашното.

Произведувачот на млеко мораше да ги продаде кравите и да стане увезувач на млеко.

Тоа млеко беше поевтино од другото домашно млеко и сите останати произведувачи мораа да ги продадат своите крави, затоа што не им се исплатеше производството на домашно млеко.

Наредната година млекото поскапе.

Трева по полето имаше премногу затоа што немаше крави да се напасуваат. Но таа повеќе не се наѓубруваше.

Произведувачот на вештачко ѓубриво мораше да ги отпушти вишокот на работници затоа што произвотството му опадна, но поради предимензионираните капацитети на погонот цената на чинење на произвотството му беше преголема. Странците почнаа да увезуваат евтино ѓубриво.

Обемот на производство опадна до тој степен што фабриката почна да креира губитоци и мораше да затвори.

Странците понудија да ја купат фабриката за едно евро.

Локалната самоуправа помогна и ги превзеде кај себе направените долгови.Странците ја затворија фабриката и ги отпуштија работниците. Притоа го задржаа монополот за увоз на ѓубриво, но тоа беше поволно за нас затоа што фабриката не правеше загуби а и ѓубрето што го увезуваа беше поевтино.

Ги снема чевлите, млекото, кравите, ѓубривото. Не знаевме што да правиме па затоа плаќавме странски советници, кои пресметаа дека состојбата е полоша од претходно па сега за фабриката мора да давеме и субвенции за да работи.

По некое време ги снема парите за субвенциите.

Странците ни позајмија пари да им платиме за да ни ја купат фабриката.

Со камата.

loading...