Како мала сакала да биде – Радмила Шекеринска?!

АКЦИЈА
loading...

Твитерџијата Кокран констатира дека „децата сонуваат да се доктори, космонаути, фудбалери“, па не може да се изначуди дека некој може како дете да посакува еден ден кога ќе порасне да биде – Радмила Шекеринска!

Токму тоа го сподели Христина Панева, која мониторира медиуми во Владата, на својот профил на „Фејсбук“ на 23 јуни, а Кокран го реактуелизира.

„Кога бев мала и ме прашуваа ‘што сакаш да бидеш кога ќе пораснеш’, велев:
– Сакам да сум Радмила Шекеринска 😉 Сега учам од истата како да се биде жена, жена политичар, жена носител на одлуки… жена бoрец…“, пишува во постот на Панева за вицепремиерката и министерка за одбрана.

Две недели претходно, пак, Панева објавила пост „Се чувствувам горда на мојата мајка и среќна што сум ѝ ќерка“, дополнет со фотографија на нејзината мајка Николетка со министерот за образование Арбр Адеми на доделувањето награди на училиштата со најуспешен истражувачки проект во рамките на јавниот повик „Предизвик за млади истражувачи“, во организација на Фондот за технолошки развој и иновации (ФИТР).

„Николетина Панева од Свети Николе е уште еден член на СДСМ, кој е награден со грант од Фондот за иновации. На нејзиниот профил на Фејсбук може да се види дека таа активно учествува во Форумот на жени на владејачката партија во Свети Николе. Нејзината ќерка Христина Панева, која на една фотографија со Радмила Шеќеринска напишала дека сака да биде како неа, е вработена во Владата. Панева е само уште еден доказ дека 80-те грантови од државниот буџет се доделени на партиски подобни фирми на нивни членови“, пишува порталот „Денешен.мк“.

loading...