Загадувањето од печката во Дрисла не ги надминува просечните вредности

АКЦИЈА

Државниот инспекторат за животна средина утврди дека загадувањето од печката за согорување медицински отпад во „Дрисла“ не ги надминува просечните вредности. При денешниот увид било утврдено дека раководството на „Дрисла“ извршило мерење на загадувачките супстанции во воздухот од печката.

„Беше констатирано дека ‘Дрисла’ има извршено мерење на загадувачките супстанции во воздухот од печката за согорување медицински отпад од страна на акредитирана лабораторија, и тоа на 31 мај и на 20 јуни. По добиените резултати, од извештаите од мерењата на параметрите – јаглерод моноксид, јаглероден диоксид, азотни оксиди, сулфурен диоксид, е утврдено дека емисиите не ги надминуваат просечните вредности“, соопштија од инспекторатот.

loading...