Видеото кое му даде надеж на таткото на исчезнатите близначки во Грција

АКЦИЈА
loading...

Деветодишните близначи Софија и Василика последни пат се видени кога со останатите почнале да бегаат од огнената стихија која го зафатила имотот на нивните баба и дедо во Мати на кој биле.

На девојчињата од тогаш им се губи секаков траг.

Меѓутоа сега на друштвените мрежи се појави снимка на која се гледаат девојчиња на некој брод, на кој би можело да бидат близначките.

Иако полициските експерти велат дека нема сигурни податоци за тоа да го потврдат, таткото на девојчињата, Јанис Филипулос тврди дека на снимката се неговите деца.

Меѓу спасените и хоспитализираните нема близначки, крајбрежната стража не ги евидентирала како евакуирани, ги нема ни меѓу настраданите.

Капетанот на бродот смета дека девојчињата на бродот биле постари, и не е сигурен дали биле во придружба на некој од семејството или луѓе кои го знаеле нивниот идентитет.

Потрагата за близначките и понатаму трае и цела Грција ги очекува вестите.

loading...