Случај „Саздо“ – издадена потерница по третиот осомничен!

АКЦИЈА
loading...

Третоосомничениот за убиството на Никола Саздовски-Саздо, на 29 јуни на автобуска постојка во скопска Автокоманда, од денеска ќе биде баран и од Интерпол.

По 19 годишниот Јетон Љужа, е издадена меѓународна потерница за дело – убиство извршено на свиреп начин.

Неговата фотографија со лични податоци денеска беше поставена на сајтот на МВР.

„Извори од истрагата брифираат дека од 30 јуни Љуза до сега бил баран на неколклу локации во Скопје, дознава 24 вести.

Другите двајца осомничени, Скендер Д(19) и Бесир Б.(20) се во притвор и се очекува уште еднаш наредната недела да бидат однесени на распит во обвинителството.

Според вештачењата Никола Саздовски бил претепан со голи раце, без употреба на предмети. Мотивите допрва треба да бидат објавени.

loading...