ЈОЦИ: РЕПРИНТ НА ПОСТ ОД 2013 ГОДИНА- ВО ТЕКСТОТ, НИКОЛА ГРУЕВСКИ Е СМЕНЕТ СО ЗОРАН ЗАЕВ

АКЦИЈА
loading...

Тоа што нема да го забележите Зоран Заев на ниедна слика како оддава почит на 1.070 наши сограѓани, кои трагично загинаа тој кобен 26 јули 1963 година-не е случајно. Тој едноставно денеска не се појавил пред споменикот на жртвите од земјотресот во Бутел на церемонијата за одбележување на годишнината.

Човекот не чувствува одговорност да однесе свежо цвеќе и да се поклони на оние луѓе кои тоа морничаво утро останаа затрупани и приклештени од бетонските остатоци. Дојдоа луѓе од цел свет, еден куп амбасадори, на настанот кој се организира месеци наназад, само не и првиот човек на македонската влада.

Заев, веројатно не знае, бидејќи немам чувство дека го сака градов, но со него, а и без него-Скопје продолжува понатаму. Властите се менуваат, се` е тоа листопадно, само овој град е вечен.

Заев и оваа власт еден ден ќе ги нема. Ќе дојдат нови, поинакви, попросперитетни генерации, кои ќе посакаат да го ,,пресоблечат” Скопје од барокна облека, а тој ќе биде немоќен тоа да го спречи.
И кога тоа ќе се случи, ќе исчезне и најочигледната трага која тој ја оставил, а на која се надева дека е вечна за негов спомен.

Она што останува , се памети и е вечно е- човештината и љубовта.
Коските на скопјани закопани во Бутел, вклучително и под оние надгробни безимени плочи од земјотресот, сведочат повеќе за овој град одошто мандатот на актуелниот властодржец.

loading...