Главниот руски играч во Македонија ни продава ЕУ?

АКЦИЈА
loading...

Главниот руски играч во македонската политика и застапник на тезите дека Македонија треба политички, воено и економски да се поврзе со Москва својата плата за заработува од Европската Унија односно од знањето што го има за унијата.

Лидерот на Единствена Македонија Јанко Бачев кој работи на Меѓународниот Славјански универзитет во Неготино и Битола, предава токму за Европската унија.

Два од неговите предмети се на тема ЕУ: Право на ЕУ и Меѓународно право, право на ЕУ и дипломатија – применета програма.

Бачев кој е поранешен оперативец на службите за безбедност и ја водеше партијата Народно движење за Македонија по што ја регистрираше проруската партија нема предмет Право на Русија или сличен предмет преку кој што студентите учат за Руската Федерација.

Предметите што го предава Бачев

loading...