Флоријан го поплави Ѓорче до колена (ВИДЕО)

АКЦИЈА
loading...

Попладнево како што беше и најавено поголем дел од државава е под влијание на влажна и на нестабилна воздушна маса која се спушта од североисток и е со потекло од Црноморската депресија.

Најпогоден град е Битола, големото невреме предизвика материјални штети поточно се оштетени неколку возила поради пад на дрвја од силниот ветер.

Флоријан го поплави Ѓорче Петров, каде се споија небо и земја, а наврна толку многу што вода влегуваше во автомобилите.

Флоријан го поплави Ѓорче Петров, се споија небо и земја, вода влегуваше во автомобилите

Флоријан го поплави Ѓорче Петров, се споија небо и земја, вода влегуваше во автомобилите

Публикувахте от Вести в Четвъртък, 26 юли 2018 г.

Полиција им асистираше на возилата пренасочувајќи ги по заобиколни улици поради поплавите.

На повеќе места како и во Скопскиот регион се појави пороен локален дожд, грмежи и засилен ветер, од нестабилност беше зафатена и североисточна и делови од источна Македонија.

Поплавено Ѓорче Петров од ФЛОРИЈАН

Поплавено Ѓорче Петров од ФЛОРИЈАН

Публикувахте от Вести в Четвъртък, 26 юли 2018 г.

Потоа поголема нестабилност од Кавадаречкиот регион се упати кон пелагониско и најинтензивен овој олуен облак беше над Битолскиот регион каде имаше појава на невреме проследено со пороен дожд, силен ветер, електрични празнења а локално низ државава и тоа особено на планинските места е забележана и локална појава на град.

loading...