Џафери си ја мажи ќерка си, седниците одложени

АКЦИЈА
loading...

Претседателот на Собранието, Талат Џафери, ги откажа своите активности во Македонија за да присуствува на комеморативната седница во Собранието на Косово за починатиот косовски активист за човекови и национални права, Адем Демачи.

Поради тоа беше одложена собраниската седница на која свечена заклетва требаше да дадат новоизбраните членови на Државната изборна комисија. Наместо денеска, како што беше планирано, оваа седница ќе се одржи во понеделник.

Неофицијално ниту во сабота нема да се одржи планираната седница на која требаше да се гласа распишување на референдум за Договорот со Грција. Според дел од медиумите Џафери викендов ја мажи ќерка си Бесијана.

Како што дознаваме, свадбената веселба ќе се случува во Гостивар, каде живее семејството на собранискиот спикер, но и идниот зет.

Кога пред три години Џафери го женеше синот, се појави видео од забавата, на кое Али Ахмети се фати за микрофонот и ги забавуваше гостите пеејќи.

loading...