Заев: Ако на референдумот нема излезност, тогаш одлучува Парламентот!

АКЦИЈА
loading...

Премиерот Зоран Заев наведе три можни сценарија околу епилогот на најавениот референдум за договорот со Грција, при што ако нема цензус, тогаш граѓаните не донеле одлука и му останува на Собранието да решава за промените на Уставот.

„Теоретски, можат да излезат еден милион гласачи, 600 илјади да гласаат ‘за’, 400 илјади ‘против’ и тогаш сите политичари ја спроведуваат одлуката, гласаат во Парламентот и постигнуваме консензус. Ако, теоретски, еден милион гласачи излезат на гласање, 600 илјади се против, 400 илјади за, тогаш не важи договорот со Грција. Ако излезат 800 илјади гласачи, а 600 илјади гласаат ‘за’, а 200 илјади се против, тогаш граѓаните не донеле одлука. Нема исполнет цензус – нема одлука. Така е по Уставот. Тогаш останува институциите, Парламентот, да одлучат: да гласаат за уставни промени или да гласаат против“, изјави Заев.

А што правиме со најавата за оставка доколку не успее референдумот?
Изјава дадена пред месец дена

Заев: Ако не успее референдумот, ќе си дадам оставка

loading...