Вондредна временска: Флоријан доаѓа и во Македонија

АКЦИЈА
loading...

Почнувајќи веќе од пладневните часови па натаму под влијание на МОЌНИОТ ФЛОРИЈАН времето во државава ќе биде нестабилно облачно на многу места со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Локално процесите можно е да бидат ПОИНТЕНЗИВНИ и застапени во форма на НЕВРЕМЕ проследено со интензивен пороен дожд, силен ветер, електрични празнења и услови за појава на град.

Да напоменеме дека во зоната на големата нестабилност можни се локални поројни поплави и исто така можно е да наврнат над 20 л/м2 за многу кратко време па затоа КРАЈНА ПРЕТПАЗЛИВОСТ и држете се на советите кој ви ги издадовме претходните денови.

Циклонот ФЛОРИЈАН ќе трае со денови и ќе условува чести врнежи, грмежи и локално невреме. Исклучок ќе биде сабота кога ќе имаме малку посмирена атмосфера.

За подетални информации контактирајте ме на мојот официјален фејсбук профил каде можете да ја погледнете и секоја ново – обновена временска состојба – СЛАВЧО ПОПОСКИ.

loading...