Пожарите во Грција подметнати?

АКЦИЈА
loading...

Грчкиот министерот за јавен ред и заштита на граѓаните Никос Тоскас тврди дека постојат сериозни индикации дека пожарите кои неделава избувнаа на полуостровот Атика и кои досега однесоа 85 жртви биле подметнати.

„Постојат сериозни докази кои укажуваат на криминална акција“, рече Тоскас, пренесе вечерва АНА-МПА.

Портпаролот на грчката влада, Димитрис Ѕанакопулос, изјави дека премиерот Алексис Ципрас даде упатства за целосно да се истражат смртоносните пожари.
Уште во првиот момент премиерот даде наредба да се испитаат брзо и методолошки сите докази и да не се остави ништо неодговорено”, изјави тој за новинарите на прес-конференцијата.

loading...