И моите „Мамас“ и „Еленица“ можеа да аплицираат, ама не се пријавија

АКЦИЈА

Премиерот Зоран Заев, одговарајќи на пратенички прашања во собранието на РМ, истакна дека неговите семејни бизниси преку фирмите „Мамас“ и „Еленица“ имале можноист да аплицираат за неповратни средства од Фондот за иновации и технолошки развој, но поради етички причини, не се пријавиле за државата да ги ко-финансира нивните проекти.

– Судир на интереси има. Нема прекршување на законот, но има неетички однос во тоа компании да добијат државни пари, а во нивна сопственост да има функционери. Сите 12 компании за производство на ајвар во Македонија ќе аплицираат и најверојатно ќе добијат, бидејжи се работи за фонд кој може да достигне 70 милиони евра, но „Мамас“ нема да се бори и со тоа конкурентите ќе имаат предност, но јас сум свесен за тоа. Етичкиот дел е поважен од законскиот, иако комерцијалистите кога ја разгледуваат структурата на една фирма која се пријавила за грантови од Фондот немаат обврска и не треба да ја проверуваат сопственичката структура – рече Заев.

Вчера во Фондот за иновации и технолошки равој интервенираше Основното јавно обвинителство со цел да провери по допрен глас дали има законски прекршувања при ко-финансирањето на проекти на компании поврзани со државни функционери при поделбата на 10,5 милиони евра за 79 претприемачи.

loading...