Како тоа не знаеш дека снаа ти регистрирала фирма 43 дена пред да добие 330.000 евра буџетски пари ?

АКЦИЈА

Во интерес на јавноста, сакам да потенцирам дека јас како советник за култура во Канцеларијата на премиерот, немам никаков пристап во креирање на економските политики на владата од ниту еден аспект, а најмалку во доделување на државната помош. Јас не сум именуван функционер, туку службеник-советник кој извршува професионални работни задачи исклучиво во областа на културата.

Укажувам дека ниту некогаш сум била инволвирана во професионалните ангажмани на членовите на моето семејство, ниту имам намера во иднина да бидам вклучена, ниту пак сум била запознаена со повиците за грабнтови на Фондот и со одлуките кои комисијата на тој Фонд ги донела. Ги повикувам надлежните институции, да се изјаснат доколку постои какво било нарушување на процедурите или пак конфликт на интерес поврзан со мојот професионален ангажман

РЕАКЦИЈАТА НА ЈОЦИ на нејзиниот ФБ профил, во нејзин стил …

Советничката за култура на Зоран Заев, ,,девојката со мандолина”, Цветанка Ласкова, не гледа судир на интерес во доделата на 330.000 буџетски евра на нејзината снаа.
Не знаела ништо, тврди и очекува некој да и` верува. Од друга страна, Зоки Заев, никому нема да му побара оставка, бидејќи овие, Кочо, Локвенец, Јово, Цветанка, му биле супер кадри, без кои не можел да работи. Владата веќе си ја поима ко приватна фирма, кој не` прашува нас што мислиме за ова нивно расипништво !?

Како тоа Цветанке не знаеш дека снаа ти регистрирала фирма 43 дена пред да добие 330.000 евра буџетски пари ?
Кого дупите, бе, вие таму ,,културњаци” со бунди од визон ?

ПАРИТЕ ДА ГИ ВРАТИТЕ !!

loading...